Сијарто: Суверено право на Унгарија е да разговара со кого сака

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска во Минск изјави дека е суверено право на Унгарија да разговара со кого сака.Во главниот град на Белорусија, Сијарто присуствува на Конференцијата за евроазиска безбедност, која е пандан на Минхенската безбедносна конференција, а соговорници, меѓу другите, беа и неговиот руски колега Сергеј Лавров и сирискиот министер за надворешни работи Басам Сабаг.Неговото заминување во Минск предизвика тревога кај сојузниците на НАТО, а САД дури ги повикаа и амбасадорите на членките на Северноатлантската алијанса да разговараат за политиката на „економски суверенитет“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Политико.Сијарто продолжи да ја промовира таа политика и во денешниот говор, обраќајќи им се на учесниците на митингот на руски јазик.Во својот четиринаесетминутен говор, Сијарто ниту еднаш не ја спомена Украина, велејќи само дека „Европа и Унгарија се соочуваат со еден од најсериозните конфликти од Втората светска војна“, туку ја истакна важноста на „евроазиската соработка“ и „единството во евроазискиот регионот“.По воведниот говор, Сијарто разговараше со Лавров и рече дека Будимпешта сака да ја зголеми „рационалната“ економска соработка со Москва во областите „кои не се под санкции“, а особено во енергетскиот сектор.-Ние веруваме дека светот тргна надолу кога некои луѓе сакаат да им кажат на другите кој со кого може да разговара и кој со кого може да се сретне. Имаме суверено право да разговараме со кого сакаме, рече Сијарто на прес-конференцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: