Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска е на официјална посета на Република Азербејџан.
„Од вечерва престојувам во официјална посета на Република Азербејџан. Благодарност за топлото добредојде во Баку. На агендата утре е официјална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“. Одлична можност за потврда на блиските и пријателски односи со Азербејџан и на нашата посветеност за нивен натамошен развој. Драго ми е што 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи се крунисува со реализација на прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан“, вели Сиљановска Давкова.



