четврток, 12 ноември 2026
Најново

Си: Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе задржат воздржаност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе ја задржат воздржаноста и ќе ги решат безбедносните проблеми со политички средства, му рекол кинескиот претседател Си Џинпинг на заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев за време на состанокот во Пекинг, јави денеска кинеската агенција Синхуа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според агенцијата, Си му рекол на Медведев и дека се надева оти кинеската комунистичка партија и Единствена Русија можат да ја подобрат комуникацијата и да овозможат „продлабочување на стратешката соработка меѓу Кина и Русија“.

Медведев, кој ненајавено го посети Пекинг, објави видео на својот канал на Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си, а потоа и снимка од средба меѓу кинески и руски официјални претставници.

Медведев рече дека со Си разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете земји „без ограничувања“, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали.

– Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија … Билатералната соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина, рече Медведев.

– Разговорите беа корисни, додаде тој.