СКАНДАЛИ И РОДНИНСКИ ВРСКИ ВО РАКОВОДНИТЕ СТРУКТУРИ НА ВМРО ДПМНЕ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И НИВНОТО ВЛАДЕЕЊЕ

📣 Деновиве сме сведоци на бројни скандали, тенденциозни доделувања на тендери на блиски луѓе на градоначалникот на Македонски Брод, како и политичка злоупотреба на законските норми при поставување на директори во институциите во Македонски Брод.

❗Имено, од една вест која ја споделија повеќе медиуми се гледаат јасни докази за тоа како директорката на ОЈУ Детска градинка 7-ми септември(братучетка на градоначалникот) давала тендери за набавка на храна на фирма која е во сопственост на сватот на градоначалникот.

❗Во уште еден случај бевме сведоци како крилото на пратеничката Бисера Златеска во ВМРО ДПМНЕ – ОК М.Брод постави директор во ЈЗУ Здравствен дом кој нема ден работно искуство во областа на здравството и предизвикува трајна штета врз квалитетот на здравствените услуги на граѓаните во Општина Македонски Брод.

✅ Левица како партија ги осудува овие тенденциозни политички интервенции и ги уверува граѓаните дека во иднина од позиција на одлучувачки фактор во политиките на Македонски Брод си зема за обврска да им обезбеди квалитетни јавни услуги и владеење без протекционизам и фаворизирање на луѓе кои се во блиски роднински и пријателски односи со раководството на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.