четврток, 12 ноември 2026
Најново

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките со пиштол!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода насилник во Скопје, од пиштол пукал во домот, следува соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната ќерка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби.

Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести