Скопјанец со 10 Пакистанци во “Ауди“ им бегал на полицајците

Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Д.Д.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Вчера во 05.00 часот изутрина во близина на болница „Негорци“ полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди А8”, но возилото не застанало. Набргу потоа возилото било сопрено, а возачот бил приведен.
При преглед, во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти, државјани на Пакистан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.