Скопјанец тешко повреден, со мотоцикл направил сообраќајка

На 03.04.2024 во 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисната улица од патниот надвозник над бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(28) од Кичево и мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: