Четириесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена откако била прегазена од „мерцедес“ во центарот на Скопје.
„Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



