Скопје пополека се претвора во Див Запад, запалени автомобил, престрелки и убиства се случуваат речиси секојдневно, а како што дознава Инфомакс а потврдуваат од МВР вчера се случил уште еден инцидент во доцните вечерни часови.
Имено запален е автомобил на граѓани марка Ауди во дворот на сопственикот.
Денеска (05.09.2024) во 04.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 27- годишната О.С. од Скопје. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.