четврток, 12 ноември 2026
Најново

Скопје на второ место во Европа по загаденост на воздухот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопје утрово повторно се најде високо на листата на најзагадени градови во светот, покажуваат податоците на швајцарската платформа IQAir. Околу 10 часот, главниот град на Македонија беше рангиран на 19. место глобално и на второ место во Европа според загаденоста на воздухот.

Индексот на квалитет на воздухот во Скопје достигна 154, што го сместува во категоријата „нездрав воздух“. Ова ниво на загадување претставува ризик за здравјето, особено за чувствителните групи, како децата, повозрасните лица и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според податоците од мерните станици, концентрацијата на ситните честички PM2.5 во Скопје е дури 12 пати над годишната референтна вредност препорачана од Светската здравствена организација. Овие честички продираат длабоко во белите дробови и можат да предизвикаат сериозни здравствени последици при подолга изложеност.

Додека Сараево утрово се најде на самиот врв во Европа со екстремно високи вредности на загадување, состојбата во Скопје останува загрижувачка и ја потврдува хроничната изложеност на граѓаните на загаден воздух, особено во зимскиот период. На глобално ниво, првото место по загаденост го држи Лахоре во Пакистан, со индекс од 368.

Поврзани вести