Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.
- Колку чекори ви се потребни на ден за да ослабете?
- СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не се шират шпекулации и паника за Поштенска штедилница, институциите да ги заштитат граѓаните
- Три хороскопски знаци очекуваат добри вести до крајот на ноември
- Google им плаќа на вработените сами да си одат: Нуди отпремнина во уште пет земји, поштедени се тимовите со вештачка интелигенција
- Што да јадете за појак имунитет? Овие 8 намирници се добар почеток
- Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат
- Ова се четири клучни причини за дебаклот на Републиканската партија на Трамп на американските избори
- Шест грешки што ги прават почетниците во теретана и како да ги избегнете
- Крајот за Нетанјаху се ближи: Арапската листа го поддржа Гади Ајзенкот за премиер, со нив тој има мнозинство во парламентот
Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.
Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.
Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.
Пронајдете не на следниве мрежи:



