Скриени психолошки проблеми поради кои партнерот ви го проверува телефонот

Понекогаш е вистинско искушение да го проверите телефонот на партнерот, особено ако тој нема никогаш да дознае за тоа.
Всушност, според некои истражувања, 34% од жените и 62% од мажите, одвреме-навреме го проверуваат телефонот на нивниот партнер.
Но, причината за ова не е секогаш љубомора. Знаевте ли дека зад оваа навика, можат да се кријат и некои психолошки проблеми?
Доколку партнерот го проверува вашиот телефон, тогаш можеби има некој од следниве проблеми:
Ниска самодоверба
Ако некој го проверува телефонот на партнерот, нормално е да помислите дека не му верува. Но, во повеќето случаи, луѓето што го прават ова се загрижени дека не се доволно добри за нивниот партнер.


Понекогаш важи и спротивното – овие луѓе мислат дека се предобри за нивниот партнер.
Дури и ако врската е долга и стабилна, ако еден од партнерите го проверува телефонот на другиот, најверојатно има ниска самодоверба и се плаши дека партнерот заслужува подобро.
Незадоволство во врската
Во идеалната врска, партнерите си веруваат безусловно и ги почитуваат приватноста и личниот простор. Но ако еден од нив има силна желба да го провери телефонот на другиот, тоа може да биде знак за сериозен проблем во врската.
Ако партнерот ви го проверува телефонот, можеби не е сигурен кон каде се движи вашата врска. А можеби, пак, не знае дали сака да биде со вас.
Како и да е, „душкањето“ по телефонот покажува дека постои некаков проблем, за кој би требало да разговарате.
Партнерот можеби размислува за неверство
Нездравата љубопитност на партнерот може да биде предупредувачки знак. Причината за ова е што неговото однесување ги покажува неговите најскриени мисли.
Односно, ако партнерот се сомнева дека го изневерувате, голема е веројатноста тој веќе да го први тоа.


Проблеми со довербата
Довербата е столб на секоја врска, а колку верувате некому, многу зависи од вашите минати искуства.
Ако партнерот не ви верува, можеби бил излажан или изневерен во минатото. После вакво лошо искуство, личноста може да стане почувствителна, па секој ваш збор или гест да му изгледа како предупредувачки знак.
Во овој случај, разговарајте со партнерот и обидете се да го разберете. Неговите постапки не се поради вас, туку поради негов проблем.
Затоа најдобро е да почекате 10 до 15 минутки пред да го подготвувате лукот.
Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.