Намирниците богати со целулоза можат да ве заситат. Смирете го апетитот со овој фантастичен напиток од хељда.
Еве како да го направите:
Три лажици брашно од хељда ставете ги во една чаша ладна вода и мешајте.
Во сад на оган ставете еден литар вода да зоврие и во водата која врие додадете ја чашата со разматеното брашно од хељда
Сето тоа добро измешајте го и варете на тивок оган повремено мешајќи од пет до седум минути.
Кога ќе се олади смесата можете да додадете една лажица мед.
Чувајте ја во фрижидер и консумирајте по една чаша пред јадење.