9-годишно дете е психофизички повредено од врсници во Кочани, пишува на Фејсбук неговата мајка.
Во продолжение објавата на Фејсбук:
– Во име на сите мајки и во име на секое дете кое што не знае како да се одбрани, Барам одговорност,Барам заштита.Нема ништо поважно од безбедноста на едно дете. Дали некој може да молчи кога невини души односно деца се повредени физички,емоционално и психички.
Мајка сум на 9 годишно дете кое вчера на 25.04.2025 г. беше физички и психички нападнат од страна на негов соученик. Прво нешто што побарав како одговорност беше од неговата наставничка.Но….
Од нејзина страна добив викање и навреди,
Пријава во полиција ,
И моментално сум блокирана на одделенска FB група каде што ги следиме активностите на децата во учењето.
Ја замолувам Министерката за Образование , Надлежни инспекциски надзор, Подрачната единица за образование , Да одговорат дали таа како Наставник има право да блокира родител и тој истиот да нема никаков контакт и пристап за настаните што се одвиваат за време на часовите????
Од силните повреди како што се гледа и на сликата , СИН МИ се здоби со скршеници .
Ова не е прв пат да е нападнат и малтретиран , но покрај и надлежните во училиштето со цел да престанат ваквите ситуации Неодговорноста на Наставничката и натаму продолжуваше. Наместо како наставник да пружи помош и одговорност таа -избега…
Па почитувана Министерке за образование Дали вие како мајка би пуштиле дете во школо наместо да се образува – да го малтретира некој ?
Ги Замолувам сите надлежни да си преземат мерки и одговорност.
Кога одам секој ден да го земам од школо мислите ми се ,, Само нешто да не му се е десило денес, да излезе жив и здрав,, Единствено нешто што прво ке го прашам е Како си помина денес на школо ? “
Дали вие министерке ,дали можете да замислите во каква ситуација го начекав од школо?? Дали воопшто знаете каков кадар ви работи по школите…На кој се ги оставаме нашите деца, на кој ги доверуваме, од кого очекуваме да ги образува како стручни наставнички кадри….Од некој ли што е секојдневно на Хелекс, на апчиња за смирување, Од кој ????
Па дали некој како мајки ,како родители кои ги има што ја подржуваат неодговорноста на Наставничката ,Дали во вас има нешто човечко? Дали ако вашето дете го пречекате од школо со скршеници ,малтретирано и психички и физички ке останете рамнодушни и ладнокрвни?? Дали може вас таквите да ве наречеме Мајки и дали во вас има грам мајчинство?
Секој да си одговара за своите кривични постапки
Ова не е само инцидент ,Ова е злоупотреба на доверба
Сакаме Закон
Сакаме Одговорност
Сакаме Правда
Доста беа мој човек – твој човек, Еј знаеш ли ја таа која е….Никој и Ништо Не Е …
Кој и да е да си сносе одговорност за се.
Не е се во Партиското За Деца Станува Збор
Детето е Се На Светот За Една Мајка
Правдата Пред Се…