Слаба посетеност на протестот на Мицковски

Слаба посетеност на протестот на Мицковски

Вечерва митинг одржа Мицковски и неговите поддржувачи против цената на струјата, која се покачи за 7 проценти. Но, според очевидци и ако се види структурата на улицата, околу 700 квадратни метри, може да се заклучи дека во просторот имало максимум нешто под 1000 луѓе.

Се повеќе се зборува дека всушност протестите доаѓаат во време кога Мицковски е се поизолиран на тронот на партијата и се обидува да се претстави како борец за правата на обичните граѓани.

Кузеска вечерва истакна: „Тогаш Мицкоски не најде причина дека треба да протестира кога се укинуваше евтината струја, а не најде причина и кога се поскапуваше струјата. Причината ја гледа токму сега, лицемерно лажејќи го народот дека надвор се токму поради тоа, а вистината е дека се работи за зачувување на фотелјата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“

Кузеска: Мицковски протестира за да си ја зачува фотељата

Се разбира порталите блиски до него, кои за време на изборите беа платени со над 250.000 евра од државните пари, ја надуваа бројката. Но, никој при здрав памет не верува на тие бројки.

Анализа за тоа како и колку се платени порталите за време на кампањата:

Порталите блиски на партиите лапале и тоа многу за изборите

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.