Слабиот долар ја крена цената на нафтата

 Цената на барел нафта порасна во понеделникот на меѓународните берзи благодарение на слабиот долар, а инвеститорите ги очекуваат резултатите од италијанските избори за да ги оценат економските изгледи на еврозоната.На лондонската берза цената на барел сурова нафта порасна за 1,66 долари, на 115,76 долари, откако накратко потона на само 113,73 долари. На американската берза цената се зголеми за 82 центи, на 93,95 долари.На почетокот на тргувањето цената на нафтата беше притисната поради забавувањето на кинеските производни активности, што би можело да ја нагризе побарувачката. Идексот на менаџери за набавка за индустрискиот сектор што го изработува банката HSBC падна во февруари на 50,4 поени, од 52,3 поени во јануари, што беше највисоко ниво за една година.„Станува збор за прво влошување на економската активност во Кина во последните пет месеци, што воедно не потсети дека патот кон економско закрепнувањеИнвеститорите се во исчекување на говорот на челникот на американската централна банка Бен Бернанке пред конгресниот одбор за да проценат дали и на кое ниво Фед ќе ги задржи мерките за поттик на економијата.„Последните американски податоци за вработеноста, производството и инфлацијата сугерираат дека Фед нема во кратко време да ги менува насоките“, рече Дејвид Хафтон од брокерската куќа PVM.Финансиските пазари минатата недела беа вознемирени од назнаките од состанокот на Фед дека функционерите на банката размислуваат за укинување на силните поттикнувачки монетарни мерки порано од очекуваното.„Очекувањата за натамошен поттик на американската централна банка пред утрешниот говор на Бернанке го ослабнаа американскиот долар, а ги поттикнаа цените на производите кои благо пораснаа“, истакна Мајкл Хјусон од CMC Markets.Индексот на американскиот долар кон кошничката на клучни валути ослабна за 0,32 отсто, што традиционално ја поттикнува цената на нафтата, бидејќи ја јакне куповнаа моќ на оние што поседува други валути. Еврото, пак, зајакна во очекување на резултатите  од италијанските парламентарни избори.
Макфакс Цената на барел нафта порасна во понеделникот на меѓународните берзи благодарение на слабиот долар, а инве

Пронајдете не на следниве мрежи: