Слабиот долар ја крена цената на нафтата

Цените на нафтата закрепнаа во вторникот на светските берзи, поттикнати со слабиот долар, откако на почетокот на тргувањето денеска беа притиснати од разочарувачки прогнози за побарувачката во Кина и САД.

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна за 55 центи, на 110,77 долари, а на американската берза со барел се тргуваше по 95 центи повисока цена, од 93,01 долар.Цените на нафтата се најдоа под притисок на почетокот на тргувањето поради прогнозите за побавен раст на побарувачката во Кина и САД, најголеми светски нафтени потрошувачи. Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) процени дека растот на светската побарувачка за нафта во 2013 година би можел да биде послаб од тоа што беше наведено во претходните проценки со оглед на слабата економија и највисокото ниво на снабдување од САД во изминатите десетлетија.Дополнително поддршка на цените на нафтата им пружи слабиот долар. Со оглед дека цените на нафтата се искажани во долари, неговото слабеење ја јакне куповната моќ на имателите на останатите валути, а со тоа ја јакне и побарувачката.Студеното време и нешто послабиот долар покренаа бран техничко купување меѓу фондовите кои одлучија да ги ликвидираат позициите“, појасни Кристофер Белју од лондонски Jefferies Bachea.Берзанските аналитичари очекуваат дека цената на нафтата во наредниот период ќе се движи во многу кус распон.OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка во понеделникот изнесувала 106,96 долари.
Макфакс
Цените на нафтата закрепнаа во вторникот на светските берзи, поттикнати со слабиот долар, отка

Пронајдете не на следниве мрежи: