Славната убавица ја разбесни јавноста: „Венчана жена не смее да му каже „не“ на сопругот во кревет“

Каприс Бурет, американска бизнисменка, актерка и модел, неодамна во јавноста предизвикала бурна реакција со изјавата за венчаните жени – „не смеат да кажат не“ кога нивниот сопруг ќе побара од нив да имаат односи.
Познатата 49-годишна жена открила дека тајната на нејзиниот добар однос со сопругот е тоа што се секогаш подготвени за во спалната соба и интимен однос.


Да ве потсетиме, парот е заедно една деценија, а имаат и осумгодишни близнаци Џета и Џекс.
„Тоа е само 10 минути од вашиот живот. Не може да кажете „изморена сум“, „имам главоболка“, „не сакам“, или пак некои други изговори“, изјавила таа во интервју за списанието „OK!“.


„Девојки, мојот совет до вас е доколку не сте расположени поради тоа што денот ви бил долг и напорен, сепак – тоа се само 10 или 15 минути од вашиот живот“, акцентирала таа.
Синооката убавица додала и дека односот е на праг на пропаст доколку сексуалниот живот не е каков што треба да биде.
„Мора да го одржувате жив. А, доколку може да одморите од напорниот ден и да уживате во сексот тоа е неверојатно. Тоа е најдоброто средство за ублажување на стресот“, изјавила Каприс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.