Славниот актер и неговата сопруга се отпуштени од болница- го победија ли коронавирусот?

Актерот Том Хенкс и Рита Вилсон, неговата сопруга се отпуштени од болницата во Австралија, пет дена откако беа дијагностицирани со коронавирус.
Одделот за здравство на Квинсленд не ги коментираше информациите дека Том Хенкс и Рита Вилсон се ослободени од болницата и се во самоизолација во куќа што ја изнајмиле.
Официјално е соопштено минатата недела дека се прати состојбата на неколку лица кои биле во контакт со Хенкс и Вилсон по доаѓањето во Австралија, но не се објавени детали од тој мониторинг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.