Потребни состојки:
250г. пире од компири
130г. остро брашно
50г. гриз
1 јајце
5г. сол
120г. сливи
100г. боровинки
3 лажици сончогледово масло
лебни трошки
180г. павлака
80г шеќер
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и со рацете замесете меко тесто,а потоа ставете го тестото на маса и посипете го со брашно и измешајте.
Со прстите издвојте по малку тесто и направете кнедла со помош на дланките, а потоа направете дупка во кнедлата и ставете го овошјето по желба (ако овошјето е кисело, ставете го во шеќер пред да го ставите), спојте ги рабовите и повторно направете кнедла со дланките. Ставете ги кнедлите на страна на побрашнета подлога.
Во тенџере со врела вода ставете ги кнедлите и чувајте ги внатре 30 секунди и проверете дали не се залепат и оставете ги да продолжат да се приготвуваат уште 15 минути.
Ако ги јадете со лебни трошки, подготовката е: Во голема тава загрејте неколку лажици масло, додајте лебни трошки и шеќер и испржете малку до златно кафеава боја. Веќе приготвените кнедли извалкајте ги во смесата.
Послужете топло!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.