Сладок шарен куглоф со јогурт – мек ароматичен колач кој се приготвува без маргарин

Изненадете ги вашите најблиски со вкусен десерт кој многу лесно се приготвува!
Потребни состојки:
– 4 јајца
– 300 гр. брашно
– 2 лажици какао или 100 гр. чоколадо
– 2 лажици млеко за какао
– кора од половина лимон
– 100 мл. масло за јадење
– 200 мл. јогурт
– 100 гр. суво грозје
– малку рум
– 100 гр. шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер

Начин на припрема:
1. Изматете ги јајцата, додајте го брашното со прашокот за печиво, кората од лимон, маслото за јадење, јогуртот, ванилиниот шеќер и румот и сето тоа добро измешајте го. Одвојте една третина од тестото.
2. Измешајте го какаото со млако млеко, па ставете го во тестото што сте го издвоиле и добро промешајте, а во светлиот дел додајте го сувото грозје.
3. Калапот за куглоф подмачкајте го со масло за јадење и посипете го со брашно. На дното сипете го светлиот, па темниот дел и продолжете така додека не ја потрошите смесата. Измешајте малку со помош на дршка од лажица, за да биде пошарено.
4. Печете на 180-190 Целзиусови степени, 50-60 минути. Исечете го кога целосно ќе се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.