Слатко задоволство: Чизкејк со јагоди

Потребни состојки:
Кора
400 г мелени бисквити
180-200 мл сок
400 мл слатка павлака
400 г кисела павлака
200 г шеќер во прав
10 г желатив
400 г овошје
4 лажици шеќер
10 г желатин
Начин на подготовка:


Мелените бисквити измешајте ги со путер или сок по желба. Кората натапкајте ја во тава(бр.26-28) со хартија за печење за полесно да вадите парчиња.
За филот изматете ја слатката павлака со шеќерот, па додадете ја павлаката. Кесичката желатин потопете ја со неколку лажици вода и оставете да набабри, па растопете го во сад на пареа, измешајте со дел од смесата, па додадете го во целиот фил и убаво изматете. Израмнете го филот врз кората.
За овошниот дел сварете го овошјето со шеќерот(не додавајте вода, посебно не ако користите замрзнато овошје) и додадете го желатинот. Оставете сосема малку да излади 2-3 мин(да не е врело). Прелијте преку филот полека со лажица и оставете да се излади најмалку 2 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.