500 г пилешки гради
600 г брокула
6 лажици мед
4 лажици кечап
4 лажици кафен шеќер
3 лажици соја сос
2 лажици Балсамико оцет
1 лажичка лук во прав
30 г запечен сусам
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Измешајте ги медот, кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. На маслиново масло во вок тава на оган 10-тина минути пржете го пилешкото исечено на парчиња и зачинето. Додадете ги цветовите брокула и прелијте со сосот. Динстајте околу 5 минути, повремено промешувајќи додека пилешкото и брокулата да омекнат.
Сервирајте и наросете со сусам.