Следуваат денови со натпросечно високи температури и портокалова фаза

Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.