Сликај го Скопје и освој една од наградите со вкупна вредност од 100.000 денари

Престижниот – “Skopje Photo Week” (Скопје Фото Недела), оваа година ќе се одвива од 23-24 Ноември2020. Во рамките на Скопската фото недела објавен е иконкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

Повеќе информации и детали за аплицирање може да се најдат на: http://skopjephotoweek.com/foto-konkurs/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.