Словенија ќе го ратификува Пристапниот протокол за Македонија во НАТО

Словенија денеска се очекува на вонредна седница во Парламентот да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.
Законот за ратификација на Протоколот вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика во словенечкиот Парламент.


На седницата во Државниот збор се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Словенија.
Според најавите од Албанија, в четврток Пристапниот протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од Законодавно парламентарната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.