Слот коментира иднината на Ван Дајк

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше ставот на капитенот Вирџил ван Дајк околу неизвесноста за продолжување на неговиот договор. Холандскиот дефанзивец по елиминацијата од Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен изјави дека нема напредок во преговорите за нова соработка, што предизвика дополнителни шпекулации за неговата иднина во клубот.
Слот потенцираше дека би сакал Ван Дајк да остане во екипата и наредната година, но нагласи: „Не можам да претскажам какви ќе бидат резултатите следната сезона, но едно е сигурно – сакам Вирџил да биде тука и следната сезона. Разговорите за договорот не се нешто со кое се занимавам,” рече Слот. Дополнително, се појавија и гласини за можни заминувања на Мохамед Салах и Трент Александар-Арнолд, бидејќи нивните договори истекуваат на крајот од сезоната.
The post Слот коментира иднината на Ван Дајк appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.