Пред два дена, во полицијата во Берово било пријавено дека на локација наречена „Црвени брегови“, во близина на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги како на градежна депонија исфрла и закапува останки од починати лица, извадени од гробиштата во градот. Веднаш по пријавата, полицијата во консултација со јавниот обвинител и со помош на багер од јавното комунално претпријатие, го пребарала посоченото место и околината.
Не биле пронајдени инкриминирани предмети, туку само остатоци од градежен шут и отпад.
По дополнителни истраги и разговори во ОВР Берово, се дознало дека лиценцираниот извршител на погребални услуги често откопувал стари гробови и ги исфрлал останките на друго место.
Според овластувањето на јавниот обвинител, бил извршен увид на гробиштата во селото Смојмирово, каде на јужната падина биле пронајдени пет коски кои наликуваат на човечки. По детално расветлување и документирање на случајот, ќе следи поднесување на соодветна пријава.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.