Слушајте ги потребите на вашиот организам: Здравите луѓе за појадок јадат три намирници

Луѓето кои се обидуваат да ги симнат вишокот на килограми или одржуваат здрава тежина, јадат храна со ограничена количина на намирници.
Ваквата исхрана е тешко да се одржи на долг рок и поради тоа тие со тек на време повторно се здебелуваат. Од друга страна, луѓето кои одржуваат здрава тежина без жртвување, претставуваат неисцрпен извор на информации за експертите.
VTI Technical Reaserch Centre од Финска ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина во текот на четири месеци. Истражувачите на чело со доктор Ана-Лена Вуориен откриле дека здравите луѓе за појадок обично јадат три видови на намирници.

Овошјето било најпопуларниот избор за 51 отсто од испитаниците, млечните производи биле јадење за 41 отсто, додека конзумацијата на житни снегулки или мусли со ладно млеко била избор на 33 отсто од испитаниците.
Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат својот ден со овој вид на храна.
Најинтересното од сè е тоа што само 26 отсто од испитаниците признале дека со појадокот пијат кафе, додека остатокот (74 отсто) рекле дека одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин.
Наместо ограничување на исхраната и избегнување на омилената храна, прекумерната телесна тежина може да се спречи ако личноста научи да ги слуша потребите на својот организам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.