Една од балканските најпопуларни пејачки, Лепа Брена со децении има плодна музичка кариера, а ретко кој знае дека и нејзиниот брат е пејач.
Имено, со музика се занимава и братот на Брена, Фарук Јахиќ, а јавноста имаше можност да го погледне во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“.
Освен што пее, Фарук брилијантно свири и на хармоника.
-Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник, напишала тогаш, а многумина коментирале дека многу личат.
Брена и нејзиниот брат еднаш заедно пееја на сцената на споменатото шоу, а потоа ги воодушевија сите.