Смејте се: Веселите луѓе живеат и до 35% подолго

Луѓето кои се среќни живеат и до 35% подолго од оние на кои тагата и депресијата им е најчесто сојузник низ предизвиците и непријатностите. Стручните лица откриле дека позитивниот став ја елиминира дозата на секојдневниот стрес.

Смејте се: Веселите луѓе живеат и до 35% подолго

Лицата кои, генерално гледано, се задоволни со својот живот, имаат мали шанси за предвремена смрт од оние кои се често депресивни. Студијата спроведена на Универзитетот во Лондон опфатила 3.853 лица од 52-79 години, а истражувачите заклучиле дека позитивниот став и среќата играат голема улога во продолжувањето на животот.

Колку една личност е среќна зависи од различни влијанија, брачниот статус, материјалната положба, но и вкупната среќа, односно количината на генералното чувство на задоволство во текот на подолг временски период – вели авторот на ко-студијата, професор по психологија Andrew Steptoe.
Среќните луѓе, според неговите зборови, полесно ги совладуваат трауматските настани во животот, повеќе се дружат со останатите и ги остваруваат своите цели.

Иако врската помеѓу среќата на поединците и нивната долговечност не е во потполност разјаснета, научниците сметаат дека оние кои се задоволни со животот лесно се справуваат со секојдневниос стрес, кој често е тригер фактор на бројни психосоматски болести (органски болести поврзани со стресот).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.