Смртоносна болест кај кучињата се шири од страна на прифатилиштето Тодор Велков

Тодор Велков – смртната казна за бедомните кучиња ја подига на сосема ново ниво!
Почитувани медиуми, должност ни е да ја известиме јавноста и Вас дека градот Штип се соочува со епидемија кај кучињата т.н. штенечак но изолирани случаеви има и во другите градови низ Македонија.
За оние што не знаат, штенечакот е заразна и опасна болест која го напаѓа респираторниот, гастроинтестинаниот и нервниот систем на кучињата се пренесува дури и во контакт со контаминирана површина.
За оваа болест нема лек, кучињата страдаат и умираат во невидени маки.
Единствена превенција на болеста е вакцината.
Прифатилиштето Тодор Велков одамна познато како концетрационен логор за несреќни души со стапка на еутаназија од 70% е оператор во општините Општина Пробиштип, Општина Старо Нагоричане, Општина Свети Николе, Општина Куманово, Општина Чешиново-Облешево и по најново Општина Штип Македонија.
Освен што овие општини одбирајќи го прифатилиштето Тодор Велков како главен и единствен оператор – касап за бездомни кучиња сносат одговорност за убиство на една огромна бројка на бездомни кучиња од сега ГИ ЗАГРОЗУВААТ СО ШИРЕЊЕ НА НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ ДОМАШНИТЕ И БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА преку “хуманиот третман на Тодор Велков”
Прифатилиштата се клучни во превенција но и ШИРЕЊЕ на болести кај кучешката популација.
Со самото издавање на налози кон овој оператор градоначалниците пишуваат смртна пресуда за стотици кучиња на нивна територија!
Бараме од градоначалниците:
Иван Јорданов
Драган Анастасов – Ладич
Жаклина Јовановска Градоначалник на Општина Старо Нагоричане
Дејан Владев – Градоначалник на Општина Свети Николе
Maksim Dimitrievski
Далибор Ангелов Градоначалник Чешиново-Облешево
Да не си ги валкаат рацете во крвта на стотици недолжни животни и од денес да престанат да издаваат налози за заловување кон операторот Тодор Велков.
Да ги заштитат бездомните и домашните кучиња на територијата на нивната општина од тивка и бавна смрт.
Да ги заштитат жителите на општините од емоционален стрес и траума бидејќи овие видеа ги добиваме од граѓани, родители кои заедно со своите деца се изложени на вакви ужасни глетки.
Бараме од операторот Тодор Велков да престане под капата на хуманост и заштита на јавното здравје да убива бездомни животни како метод за намалување на популацијата.
Единствениот докажан принцип на работа насекаде низ свет е залови-стерилизирај-вакцинирај-врати и од оваа програма не се отстапува зашто е единствената која е хумана!
Тодор Велков да престане да користи нови методи како ширење смртоносна болест кај кучињата и ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕ СО ЗАЛОВУВАЊЕ ДОДЕКА ШИРЕЊЕТО НА БОЛЕСТА НЕ СЕ СТАВИ ПОД КОНТРОЛА.
Доколку нашето барање не се испочитува и примени од денес, нашето здружение ке ги употреби сите правни механизми и институции, медиуми и гласот на сите љубители на животни за да ве спречи во ова покосување на животните – ова е ветување!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.