Смутито од калинка го закрепнува целиот организам

Во текот на зимските месеци е потребно да се консумира што повеќе овошје и зеленчук за да го снабдиме телото со потребните витамини.
Свежото, исечкано овошје може да се замени со смути, а со додаток на други состојки тоа може да се претвори во хранлив појадок или ужина.
Смутито од калинка е благотворно за здравјето, но и многу вкусно и закрепнувачко. Калинката е полна со полифеноли, моќни антиоксиданси кои помагаат во заштитата на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Исто така, ова овошје е одличен извор на калиум, а благодарение на високиот процент на влакна, помага и во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.
Калинката е позната и по тоа што го чува здравјето на срцето и крвните садови, а добра е и за дигестивниот систем. Дијабетичарите треба да бидат внимателни при нејзината консумација бидејќи содржи голема количина природни шеќери.


Еве како да припремите здраво смути од калинка:
Потребни состојки:
– 2 исчистени калинки
– 1 портокал
– 20 гр. семки од тиква
– една шака боровинки
– 300 мл. грчки јогурт
– 1 зрела банана
Начин на припрема:
Изблендирајте ги сите состојки, а потоа ставете го смутито во поширока чаша и додадете овошје по избор (зрна од калинка, кришка портокал или неколку боровинки). Испијте го смутито непосредно по подготовката, за да не дојде до губење на хранливите состојки кои се наоѓаат во него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.