СНЕГОТ ЗАПОЧНА ДА ТРУПА БЕЗ ПРЕСТАН – вечерва на овие места вистинска зимска идила

Прогнозата на метеоролозите очигледно се остварува во целост.
Вечерва снег без престан врне на Попова Шапка, Маврово и ски центарот Нижо Поле на Пелистер.
Според видео камерите на „Skimacedonia“ се поочигледно е дека доколку вака врне без престан утре ќе имаме формирано голема снежна покривка.


Снег вечерва врне и на сите повисоки места во земјава, а според УХМР утре и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата.


Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.