СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве каде врнежите ќе бидат пообилни

Времето денес ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.
Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Утре пак ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Во северните и источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдилж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.