Снег нема да има ни на почетокот на 2019- еве какво време не` очекува

Ладно време, но без услови за снег најавуваат светски метеролошки сервиси за времето во Скопје до крајот на 2018 година.
До крајот на овој месец ќе се задржи претежно влажно време со утрински температури до 0 степени и дневни околу 7 степени.
Почетокот на декември ќе донесе сончево време и малку пониски температури. Просечната утринска температура се спушта до -1 степен, а дневната ќе биде до 6 степени.


Втората половина на декември ќе започне со пониски температури кои ќе бидат околу -5 степени, а дневната ќе биде околу 2 степени. На почетокот на втората половина се очекува слаб снег, додека до крајот на месецот не очекува сончево, ладно и стабилно време.
Според прогнозите и на почетокот на 2019 година нема да имаме можност да уживаме во снегот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.