Снег среде април: На Попова Шапка натрупа дури триесет сантиметри 

Ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка паднаа трисетина сантиметри нов снег. Според  информациите на вработените во сместувачките капацитети, снегот почнал да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формирал, за овој период, висока снежна покривка.
-Може да каже дека снегот изненади. Последен пат имаше наврнато во февруари, а во март ниту еден ден немаше нов снег. Сега за кратко време се формираше покривка, а продолжува да паѓа и утринава, изјави Тихомир Ановски од сместувачкиот капацитет „Конак“.
Тој вели дека не верува дека скијачката сезона ќе продолжи, бидејќи во април температурите се повисоки и снегот брзо ќе се стопи.
-Се зависи од временските услови. Сепак е април и температурите се повисоки па очекувам снегот брзо да се стопи. Во секој случај би требало да го има неколку ден,вели Ановски.
Снег има и регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, а според Ановски движењето е отежнато заради постојаните врнежи. Може да се помине само со теренско возило, но не и со патничко моторно возило.
Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека според метеролошката состојба на Попова Шапка и во наредните денови се можни нови врнежи од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.