Снежно невреме во делови од Србија, воведена забрана за сообраќај на некои делници

Снегот што попладнево ја зафати населбата Златибор предизвика колапс и на главниот пат низ Златибор, па на возачите им се препорачува да бидат трпеливи и внимателни.

Најмногу снег има на делот од главниот пат над Чајетина кон Борова Глава, а на патот меѓу Нова Варош и Пријепоље речиси и да нема снег на коловозот, објави Телеграф.

Поради големиот интензитет на врнежи, воведена е забрана за товарни возила од Ужице до Борова Глава, како и од Сушице до Котроман, но и преку Тара и Кадињача.

– Сите наши екипи се подготвени за снег, па во моментов се чистат најкритичните делници. Се надеваме дека врнежите наскоро ќе престанат, кога состојбата на коловозот ќе се нормализира. – изјави за Телеграф Ален Мушановиќ од Путеви Ужице.

Во селата околу Ужице и на Златибор се формирала снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, па зимските предели од овој регион се како од бајка.

Пронајдете не на следниве мрежи: