На видео снимката што беше доставена до нашата редакција се гледа целиот инцидент што се случи на 18 септември на Кардиохирургија кога поранешниот директор Јовев вербално и физички напаѓа неколку вработени а потоа го нападнал и сегашниот директор, Марјан Шокаровски, при што го удира со глава по лупите.
Агресивно и нападно гестикулирање што укажува на висок тон д-р Јовев упатува прво кон медицинска сестра, како што беше првично објавено. На снимката се гледа како потоа д-р Јовев физички го напаѓа и колегата физиотерапевт, го турка и го удира, додека тој зборува на телефон.
Во текот на целиот инцидент, д-р Јовев е присутен во оперативниот и интензивен дел во цивилна облека и несоодветно за влегување во овој дел од клиниката, што е исто така строго кршење на болничките правила и сериозна закана за пациентите.
По инцидентот Јовев самиот се пријавил во полиција но притоа кажал дека бил нападнат, а снимката го потврдува токму спротивното, односно дека Јовев физички и вербално напаѓал колеги и директорот Шокаровски.
Сето ова се случува кога Јовев веќе не е директор на Кардиохирургија и за неговото однесување за време на неговото директорување кон вработените беше пишувано и неколку вработени излегоа со сведоштво за мобинг, малтретирање и закани.
- Сексуално преносливите инфекции пристигнуваат од морето во септември: Многумина дури и не знаат дека се заразени
- Ватикан инвестира 100 милиони евра во зелена енергија
- ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот на Китка
- Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во Центар
- Новиот британски премиер во Украина: Нема да се повлечеме додека нема мир
извор: 4њуз
Пронајдете не на следниве мрежи:



