СНИМКИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИ ВОЈНИЦИ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ АВТЕНТИЧНИ: По прелиминарната истрага, ОН повикаа на ЦЕЛОСНА ИСТРАГА

Иако истрагата се уште не е завршена, прелиминарните податоци од Обединетите нации укажуваат на автентичноста на видеото на кое се гледаат телата на убиените руски војници.

СНИМКИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИ ВОЈНИЦИ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ АВТЕНТИЧНИ: По прелиминарната истрага, ОН повикаа на ЦЕЛОСНА ИСТРАГА

Обединетите нации денеска потврдија дека е „многу веројатно“ видеото што се појави на интернет овој месец, на кое се гледаат телата на убиените руски војници како лежат на земја, е автентична. Ова го изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, пренесуваат медиумите.

„Нашата мониторинг мисија во Украина спроведе прелиминарна анализа која покажува дека овие алармантни видеа се многу веројатно автентични“, заклучи Тирк, повикувајќи на „целосна истрага за настаните до степен што е можно“ и изведување на одговорните пред лицето на правдата.

Постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева, Генадиј Гатилов, во интервју за „Росија 24“ оценува дека Москва се уште не добила ниту еден официјален одговор од оваа организација за неодамнешниот масакр.

„Ќе почекаме да видиме како ќе ја оценат нашата жалба, нашите белешки што им ги испративме“, рече тој.

Видеото се појави на Telegram на 12 ноември, а беше поставено од поддржувачи на украинските сили.

Американскиот „Њујорк тајмс“ спроведе посебна истрага, која посочи дека снимките се вистинити и дека видеото најверојатно е снимено во Макеевка, регионот Доњецк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.