недела, 15 ноември 2026
Најново

Снимки од вчерашните протести во Белград: РТС преполна со специјалци во опрема за разбивање демонстрации

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Додека студентите и граѓаните се собраа пред „РТС“ во Белград на мирен протест, во самата зграда има голем број полицајци, облечени во опрема за разбивање демонстрации.

Како што може да се види на видео кое кружи на социјалните мрежи, полицајци со штитови во рацете и торби маршираат низ ходниците на зградата на „РТС“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Некои од нив во утринските часови веќе биле во двете згради на „РТС“, а нивниот број се зголемил во попладневните часови, пренесува порталот Нова.рс.

Можеме ли да очекуваме полицијата да интервенира и да ги нападне граѓаните, како што направи во текот на денот пред Факултетот за организациски науки, кога ги отстрани студентите за автобус полн со приврзаници на Српската напредна партија непречено да оди на митинг во Јагодина.

Поврзани вести