Собранието подготвено за уставните измени, но нема добиено амандмани: Роковите течат откога ќе дојдат материјалите

Собранието уште ги нема добиено амандманите за измените на Уставот и вметнување на Бугарите. Владата треба да ги испрати како овластен предлагач, а собранискиот спикер Талат Џафери кажа дека откако ќе стигнат кај него, тогаш почнуваат да течат роковите.

„Собранието е подготвено во секој момент откако ќе постапат надлежните институции односно овластените предлагачи, ние сме подготвени да постапиме согласно процедурите и роковите предвидени во Деловникот“, рече Џафери.

На дилемата дека тешко тие ќе стигнат до август, Џафери додаде: „Не е проблем дали ќе дојдат до август или кога ќе дојде, прашањето е кога ќе добиеме материјал. Не зависи од тоа дали ќе биде јули или август, септември. Роковите течат откако ќе дојдат материјалите“.

Објасни и времетраењето на првата фази за измените.

„Во првата фаза, од приемот до седницата мора да поминат 30 дена. И на самата седница 10 дена трае дебатата“, објасни Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи: