Собранието со ново лого: Предлози за промена

Претседателот Африм Гаши го потпиша иницијативата според која Собранието ќе добие ново лого, кое ќе го замени постојното со зградата на Собранието. Наместо неа, новото лого ќе биде креативно и современо. Согласно огласот, кој е објавен, логото мора да има графички елемент и целосен назив на Собранието на македонски, албански и англиски јазик, секој на свое писмо. Учесниците на конкурсот можат да поднесат до три идејни решенија, кои ќе ги оценува специјална комисија назначена од собранискиот претседател. Предлозите треба да се поднесат во рок од 45 дена од објавата на конкурсот. Целта на овој јавен конкурс е иновацијата и унапредувањето на визуелниот и институционалниот идентитет на законодавниот дом, рефлектирајќи ги националните вредности, како и мисијата и визијата на институцијата. Новиот дизајн мора да биде оригинален и досега неупотребуван. На социјалните мрежи, промената предизвика шеговити коментари, вклучувајќи предлози зграда на Собранието да се замени со илустрација на патарина, во алузија на трошоците за пат кои ги примаат пратениците.
The post Собранието со ново лого: Предлози за промена appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: