петок, 27 ноември 2026
Најново

Собранието со 59 гласа „против” и 20 гласа „за” не ја прифати интерпелацијата за Димитров

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Опозицијата го обвини министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека ја извршува функцијата несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси, и дека со потпишаните договори со Бугарија и Грција се загрозуваат македонските интереси.
Во своето завршно обраќање министерот Димитров ги повика пратениците заеднички да се фокусираат на приоритетите и да разговараат за работи што се вредни за расправање.
– Ние конечно се исправаме на нозе. Порано или подоцна со мудра политика, помалку навреди и повеќе заедништво, мислам дека ќе светлината ќе ја победи темнината. Да се расправаме за работи што се очигледно вредни за расправање – од даночна политика, состојбите во економијата….. Дајте заедно да си се фокусираме, да си имаме приоритети и да не биде прашање на живот или смрт кој ќе победи, а кој нема да биде на власт. Мислам дека сега е времето тој чекор да го направиме, рече Димитров.
Собранието по останатите точки од дневен ред на оваа седница ќе продолжи денес во 11 часот.

Поврзани вести