Совети за да ги зајакнете пријателствата

Обврските, работата, семејството, брзиот начин на живот се пречка за да го поминеме слободното време со нашите пријатели. Сосема е нормално контактот со нив да се намали, но важно е да им дадеме до знаење дека се грижиме за нив и не сме ги заборавиле.

Вистинските пријатели не бараат од нас постојано да им посветуваме внимание и никогаш нема да нè обвинат доколку не им одговориме на повикот или пораката.  Сепак, убаво е да покажеме дека мислиме на нив.

Искористете го времето додека патувате некаде и јавете им се.

Наместо да гледате низ прозорецот, побарајте го вашиот пријател додека имате слободно време. Раскажете им барем еден интересен детаљ од вашиот ден.

Потсетете се на некој заеднички спомен којшто секогаш ве насмевнува.

Обврнете внимание на нивните проблеми.

Доколку вашата пријателка има здравствени проблеми, посветете ѝ внимание, понудете помош. Покажете дека сте тука и дека се грижите.

Споделете ги вашите мисли, стравови, желби.

Не чекајте да поминат месеци за да излезете на вечера. Добрите пријатели секогаш имаат добри и корисни совети. Секако, можат да ве разубедат доколку сакате да преземете непотребен ризик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.