Дали веќе подолго време сте на диета, а уште се борите со добро познатите 5 килограми? Па, добредојдовте во клубот.
Последните 5 килограми најтешко се губат. Веќе сте на диета со недели и не можете да мислите на ништо друго освен на брза и вкусна храна.
Едвај чекате диетата конечно да заврши за да можете да се препуштите на слатките задоволства, пицата и хамбургерите. Затоа, издржете уште последните 10 дена и послужете се со нашите совети (но тоа не значи дека потоа ќе може да уживате секојдневно во нездрава храна).
Пробајте да не отстапувате од следниве совети и гледајте како последните 5 килограми полека се топат:
Наутро пијте млака вода со лимон, а навечер зелен чај
Ова ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви помогне при топење на маснотиите.
Ограничете се на едно кафе
Не претерувајте со кофеинот и заменете го со зелениот чај.
Не јадете леб и било каков вид на тестенини
Држете се понастрана од лебот и пастата некој период. Но, ова не значи дека треба да ги исфрлите сите јаглехидрати од исхраната.
Почесто јадете свеж зеленчук
Најдобри резултати ќе добиете доколку зеленчикот го јадете свеж. На тој начин желудникот најлесно ќе го обработи, а исто така нема да изгубите од неговата хранливост преработувајќи го.
Станете повеќе активни
Пробајте да бидете што е можно повеќе активни и да пешачите. Откажете се од таксито и од јавниот превоз во деновите кога имате можност да прошетате.
Не јадете ништо преработено
Пробајте да јадете повеќе домашно зготвена храна, а помалку купена од пекара или продавница. Со ова ќе се заштитите од сите адитиви во преработената храна.
Избегнувајте зачинета и мрсна храна
Ова звучи најтешко, но, обидете се да ги исфрлите зачините од вашата исхрана некој период, а подоцна ќе се навикнете на таквиот начин на исхрана. Маслото исто така, сведете го на минимум, а пржениците – целосно отстранете ги.
8 чаши вода на ден
Со оваа техника ќе чувствувате помалку глад, а ќе бидете и повеќе хидрирани истовремено.
Без алкохол
Алкохолот содржи премногу непотребни шеќери, па затоа избегнувајте го, а во ситуации кога „мора“ да се напиете, одберете една чашка црвено вино.
Доколку сакате напорот да ви се испалти, не се препуштајте веднаш на брза и мрсна храна. Пробајте да одржувате баланс во вашата исхрана, за резулатите да не се променат.