Советникот на Спасовски, Фатмир Битиќи во самоизолација – Имал средба со директорката на УЈП

И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, е од вчера во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19. Битиќи веста исто така ја соопшти преку неговиот Фејсбук-профил.
-После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од вчера, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје, напиша Битиќи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.