Во рамки на 45. седница, членовите на Советот на Општина Карпош ги разгледуваа и одлучуваа за десетте точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока беше усвоен Заклучокот, односно Годишниот Извештај за работата на ЕВР – „Карпош“ за 2023 година – Полициска станица од општа надлежност „Карпош“.
Мнозинството советници од Карпош ја изгласаа Завршната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2023 година, којашто е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Инаку, остварувањето на приходи во Буџетот за 2023 година зависи од приливот на средства добиени од даноците на имот, даноците на промет на недвижнини, надоместокот за уредување на градежно земјиште, од фондовите, трансферите од други нивоа на власт како и од самофинасирачките активности и блок дотациите за основното образование и детските градинки.
Вкупните приходи на консолидираниот буџет се предвидени во износ од 1.264.866.000 денари, при што се релизирани вкупни расходи во износ од 1.130.453.993 денари. Оттука, приходите на општинскиот буџет се предвидени во износ од 601.231.000 денари, додека пак вкупните реализирани приходи изнесуваат 525.937.540 денари.
Со истата динамика беше изгласан и Годишниот Извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година, како и Годишната сметка на Буџетот на Општината за 2023 година.
Советниците ги разгледуваа и трите Предлог – Одлуки кои се однесуваат на донесување на Технички исправки. Поточно, станува збор за изработка на Предлог за техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП 4.3.10 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1 дел Б, донесен со Одлука од 19.07.2002 година, КО Ѓорче Петров 4, Општина Капош- Скопје. Се разгледуваа и Предлогот за Tехничка исправка за ГП 6.85 од ДУП (измена и дополна) за населба Козле, М.З. Пецо Божиновски Кочо – дел (Одлука од 28.02.2001 година), како и Предлогот за Техничка исправка за ГП 9.21 од ДУП за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Општина Карпош, Скопје (Одлука од 30.12.2014 година). Веднаш по разгледувањето, со мнозинство гласови беа изгласани трите Предлог – Одлуки за донесување на Технички исправки.
Советниците дадоа „зелено светло“ и за четирите Предлог – Одлуки за формирање на групи со поголем односно со помал број на деца, од законски предвидениот број на дечиња, во групите во детските градинки „Мајски Цвет“, „Орце Николов“, „Распеана Младост“ и „Пролет“.