Совет до сите мажи: Највеќе ќе се каете ако ја повредите оваа девојка

Таа е девојката која ќе ви даде повеќе шанси отколку што заслужувате. Таа е онаа која ќе ги види сите ваши лоши страни, но сепак ќе верува дека сте добра личност и дека ја заслужувате.
Оваа девојка ќе ви ги прости сите грешки и лаги и ќе верува на вашите извинувања, бидејќи знае дека нештата понекогаш не излегуваат така како што треба. Таа нема да се лути ако еднаш или два пати ги откажете плановите или ако ја оставите да ве чека. Таа нема да се разочара бидејќи ќе сфати дека можеби сте зафатени.
Таа е онаа која ќе ги прифати вашите причини дека не сте можеле да стигнеме на време, таа ќе прифати дека ви е жал. Таа нема да престане да се обидува и да верува дека луѓето се навистина добри.


На неа можете да се потпрете и таа е личност која секогаш ќе биде покрај вас, и тогаш кога сите други ќе ве остават или заборават. И тогаш кога нема да и дадете почит или посветеност, таа ќе верува во вас и нема да мисли дека не ја заслужувате. Ќе посака да ви помогне во секоја ситуација. Ќе биде до вас и тогаш кога можеби е зафатени бидејќи нема да сака да се чувствувате лошо. Ќе ви одговори на сите пораки и нема да игра игри со вас.
Таа постојано ќе ви дава поддршка, без да бара нешто за возврат. Ќе сака отворено да разговара за проблемите и да прави компромиси, мислејќи дека го заслужувате тоа. Ќе ве разбере секогаш кога ќе погрешите, мислејќи дека имате причина за тоа и дека навистина ја сакате.


Нема лесно да ја разочарате оваа девојка. Но, кога ќе го направите тоа, веќе нема назад. Таа сепак живее по правилото “однесувајте се со луѓето така како што тие се однесуваат со вас“. Ќе ви даде милион шанси, а на милион и првата, ќе си замине без да погледне назад.
Ова е девојката која ќе ја повредите додека е млада и таа тогаш ќе ја научи својата лекција. Ќе стане силна жена, која не прави компромиси. Која не верува во лажни ветувања, која не дава милион шанси и која ги цени луѓето по тоа што го прават, а не тоа што го кажуваат.
Ќе ја барате оваа девојка во животот, но таа никогаш повеќе нема да биде ваша. Впрочем, и долго време ќе биде ничија. Ќе и бидете благодарни за љубовта која ви ја има дадено и ќе се обидете да ја повторите таквата љубов со други девојки, но нејзината љубов е ретка како дијамант, а нејзиното срце е еднствено.
Највеќе ќе се каете ако ја повредите оваа девојка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.