Совршено јагнешко печење

1 заден јагнешки бут
1 чаша бело вино
1 чаша вода
½ чаша млеко
3 лажици сенф
2 лажици маслиново масло
2-3 млади лукчиња
1 лажица мајчина душичка (свежа или сушена)
1 лажица рузмарин (свеж или сушен)
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
1. Јагнешкото месо се премачкува со сенф и маслиново масло од сите страни.
2. Се става во маринада од млеко, масло, вино, ситно сечканите млади лукчиња и зачините, и се остава да отстои една ноќ додека добро не ги впие сите вкусови.
3. Заедно со маринадата се става во тава за печење. Се додава 1 чаша вода и се покрива со капак или алуминиумска фолија.
4. Се пече 60 минути во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути, а потоа температурата се намалува на 200 степени и се пече уште 40 минути.
5. Пред крајот на печењето се отстранува капакот или фолијата, и се пече додаека месото порумени и фати крцкава кора.ачини

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.